Езерска рок симфонија
На 16ти август на кејот на Охридското езеро групата Камелеон оддржа концерт насловен како ,,Езерска рок симфонија”. На публиката која имаше неосекојдневна прилика од бродовите и други пловни објекти да го следат концертот, пред влегување им беше мерена телесна температура и им се вршеше дезинфекција на раце од страна на волонтерите од Клуб на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид. Притоа се едуцираа да оддржуваат дистанца и правилно да ја носат заштитната маска. На концертот беа поставени и кутии за донации за нашиот сограѓанин Трајан Целески Тачо кој боледува од тумор на мозокот и за кој се потребни финансиски средства за да го продолжи понатамошното лекување .