ноември 16, 2021

Евакуациска вежба во ОУТУ „Ванчо Питошески“ Охрид

Продолжува реализацијата на симулациски вежби во училиштата за примена на соодветниот оперативен план за заштита и спасување и планот за евакуација. Нa 16.11.2021 својата подготвеност за ефикасна и брза евакуација од училишната зграда според соодветно сценарио на случена елементарна непогода, ја увежбуваа учениците и вработените во ОУТУ „Ванчо Питошески“ Охрид.

На показната вежба учествуваа и соодветни тимови на Територијалната против пожарна единица Охрид, СВР Охрид и Црвен крст Охрид, како и преставници на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.

< врати се назад