мај 17, 2023
ЕКОЛОШКА АКЦИЈА „Генералка викенд“
На 13.05.2023 година, се одржа голема еколошка акција „Генералка викенд“ во организација на компанијата „Мен енд маунтен“, а со поддршка на Министерството за животна средина, Пивара Скопје, Пакомак и Нула Отпад.
Во акцијата се вклучи и Црвен крст Охрид преку волонтерите од Клуб на млади и волонтерите од програмата за грижа за стари лица “Најди време“ коишто го помогнаа чистењето на плажите Грашница, Горица и Св. Стефан.
Целта на ова акција пред сè беше подобрување на состојбата на животната средина и подигнување на свеста за зголемување на заштитата на Охридското езеро и неговото крајбрежје.
Ваквите акции се мошне потребни бидејќи едукацијата и практичните примери се најважни во борбата за заштита на животната средина.