ноември 22, 2021
Еко акција
На ден 21.11.2021 г. над 20 активисти и волонтери чистеа на просторот над седиштето на Националниот парк Галичица.
На акцијата која потекнува од идеја на повеќе организации, покрај активисти на Чист Охрид, учествуваа и претставници од Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид, National Park Galicica и здруженијата Енхелеус Лихнид – Enheleus Lihnid , Екотуризам 2016 и ЕКО – ФАП
Се радуваме на ваквите заеднички акции и се надеваме дека и во иднина ќе продолжиме да работиме заедно, за чист Охрид!