февруари 1, 2022

Едукативен флаер за пештери и лилјаци во Национален парк Галичица

Активно работиме на подобрување на едукацијата за заштита на животната средина!
 
Во рамките на проектот „Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица” кој е поддржан од страна на PONT/CEPF, како активност која беше одговорност на проектниот партнер Истражувачко друштво „Урсус спелеос“, се подготви едукативен флаер за пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица. Едукативниот флаер ќе биде на располагање на Националниот парк Галичица во реализација на едукативни посети и подигнување на свест за заштита на пештерите и лилјаците.
 
За повеќе информации за проектот, слободно можете да нѐ контактирате!
 
Проектот е поддржан од:
 
 
< врати се назад