ноември 11, 2020

Донација на дезинфекциски сетови

На ден 09 и 10.11.2020 г. волонтери и вработени од Црвен крст на РСМ-Општинска организација Охрид дистрибуираа донација од дезинфекциски сетови до 8 основни училишта во општина Охрид и Дебрца. Дезинфекциските сетови (дезинфекиски пулт, средство за дезинфекција и дигитален топломер) беа обезбедени од  Црвен крст на Република Северна Македонија во соработка со Министерството за образование и наука и Турската агенција за соработка и координација (ТИКА). Исто така, и сетови со едукативни сликовници и боенки беа доставени до Централната градинка “Јасна Ристеска” – Охрид.

< врати се назад