октомври 15, 2022

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ПХВ ПЕХАР

Со големо задоволство Ве покануваме на завршниот, свечен настан од овогодинешниот циклус на програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ) на кој ќе биде доделено највисокото признание на програмата ЦКА-ПХВ – пехар на младите на Црвен крст Охрид за најуспешни и најквалитетно изработени проекти.
На свеченоста младите на Црвен крст Охрид ќе ги презентираат хуманитарните проекти кои ги изработија во овој ПХВ циклу.
Се очекува присуство на претставници од сите организации на Црвен крст во нашата држава кои учествуваа во овогодинешниот ПХВ циклус, како и на Градоначалникот на Охрид.
 
📅 17.10.2022 – ПОНЕДЕЛНИК
🕛 12 : 00
📍 Голема сала на општина Охрид
 
Вашето присуство ќе биде поддршка и дополнителен мотив за младите волонтери на Црвен крст Охрид да продолжат со хуманитарната работа насочена кон ранливите категории во заедницата.
 
May be an image of text
 
 
 
< врати се назад