ноември 19, 2026

Доделени наградите за ликовниот и литературниот конкурс – „Хумани прегратки за достоен и подолг живот“

Денеска, во просториите на Црвен крст Охрид се доделија благодарници и пригодни подароци на авторите на најуспешните творби од ликовниот и литературниот конкурс на тема: „Хумани прегратки за достоен и подолг живот“. 🌟

Конкурсот беше објавен на иницијатива на Програмата за грижа за стари лица „Најди Време“, во рамки на одбележувањето на Неделата за грижа на стари лица, а со цел развивање на креативниот дух и подигнување на свеста за учество во хуманитарни активности – со промоција на хумани вредности и творечки елан кај целата популација, особено кај младите и децата во нашата потесна и поширока заедница.

На конкурсот можеа да учествуваат учениците од основните и средните училишта на општините Охрид и Дебарца и друга популација, со поезија, проза и ликовна уметност.

Наградени се следните учесници:

Поезија од I до V одд.

Прво место – Софија Стојаноска V-4 – OOУ „Христо Узунов“ – Охрид

Второ место – Маја Лозаноска III-5 – OOУ „Христо Узунов“ – Охрид

Трето место – Јана Доневска IV – ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид

Поезија од VI до IX одд.

Прво место – Петар Ристов IX-Б – ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти

Второ место – Теона Петреска VIII – OOУ „Св. Наум Охридски“ – Пештани

Второ место – Искра Куноскa VIII – OOУ „Св. Наум Охридски“ – Пештани

Трето место – Амелиа Бубеска VI – OOУ „Св. Наум Охридски“ – Пештани

Поезија – средни училишта

Прво место – Софија Кецкароска IV-5 – ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид

Второ место – Стефанија Бакулеска I – OСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид

Поезија – возрасни

Прво место – Радица Таскова

Проза од I до V одд

Прво место – Марија Ѓоргиевски V-4 – OOУ „Христо Узунов“ – Охрид

Второ место – Матеј Новеска IV-2 – OOУ „Христо Узунов“ – Охрид

Трето место – Вања Боздоганоска III-5 – OOУ „Христо Узунов“ – Охрид

Проза од VI до IX одд

Прва место – Михаела Петкоска VI – OOУ „Кочо Рацин“ – Охрид

Ликовни творби од I до V одд

Прво место – Марија Грозданоска IV – OOУ „Христо Узунов“ – Охрид

Второ место – Марија Ѓоргиевска V – OOУ „Христо Узунов“ – Охрид

Второ место – Мартина Никола IV-5 – OOУ „Христо Узунов“ – Охрид

Tрето место – Ана Соковска III5 – OOУ „Христо Узунов“ – Охрид

Ликовни творби од VI до IX одд

Второ место – Михаела Толевска VI – OOУ „Христо Узунов“ – Охрид

Tрето место – Стефанија Јовеска – OOУ „Христо Узунов“ – Охрид

Ликовни творби – средни училишта

Прво место – Михаил Велјановски – ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид

Црвен крст Охрид изразува огромна благодарност до сите учесници на овогодинешниот конкурс, благодарност за прекрасната соработка со основните и средните училишта од Oпштина Охрид и Општина Дебрца, менторите и родителите. Ве очекуваме со нови креативни творби и следната година

< врати се назад