октомври 27, 2021

Дистрибуција на информативен флаер

Црвениот крст на Република Северна Mакедонија во соработка со Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на РСМ и регионалната кацеларија на СЗО за Европа, а во рамките на проектот за градење на капацитетите за зголемување на капацитети за следење и комуникација за КОВИД-19 во Северна Македонија изработи едукативно информативен флаер за учениците за основни и средни училишта во РСМ.

Волонтерите од Општинска организација Охрид ги дистрибуираа едукативно информативните флаери со наслов ‘‘Да ги зачуваме училиштата безбедни, со цел да се спречи ширење на КОВИД-19 меѓу учениците,, , во сите основни и средни училишта во општина Охрид и Дебрца.

 

< врати се назад