
мај 16, 2024
ДИСЕМИНАЦИСКА СЕСИЈА СО ДЕЧИЊАТА ОД ЕДУКАТИВНАТА ПРОГРАМА ПОЛЕТАРЧЕ
Во рамки на одбележувањето на Неделата на Црвен крст и Црвена полумесечина (8-15мај) која се одбележува под мотото “Да живее хуманоста”, во Црвен крст Охрид на 13.05.2024 се одржа дисеминациска сесија со дечињата од едукативната програма ПОЛЕТАРЧЕ со цел да се истакне хуманоста и солидарноста како вредности кои треба да се негуваат и практикуваат од мали нозе во текот на целиот живот.






