март 12, 2024
ДЕБАТЕН КЛУБ
На 11.3.2024, се одржа вториот состанок на младинскиот дебатен клуб во Црвен крст Охрид.
Клубот се формираше на иницијатива на волонтерката од Мировниот корпус којашто работи во Црвен крст Охрид, Danielle Hamilton, како и младите волонтери Дарио Транталовски и Методија Стојаноски .
На овој состанок учесниците се запознаа повеќе со основата на аргументите, а беше одржана и првата дебата помеѓу два претходно избрани тимови на темата “Can lying be morally justified?”. По истата, учесниците имаа можност да си дадат фидбек за начинот на кој ги претставија своите аргументи, како меѓу себе, така и од учесниците кои не дебатираа и беа судии на оваа дебата.