декември 8, 2022

ЦКА – ПХВ БЛАГОДАРНИЦИ

Овој понеделник, по повод Светскиот ден на волонтеризмот, во Црвен крст Охрид се одржа отворен ден на кој што волонтерите имаа можност да дојдат и заедно да го прослават ореку дружба и забава .
Во склоп на програмата испланиран беше и состанок за ПХВ младинците, менторите и дисеминаторите од овогодинешниот циклус, како и нивните родители, каде им беа доделени благодарници за вложениот труд.
 
Благодарниците ги доделија ПХВ инструкторите Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц, во присуство на голем број волонтери и други претставници од Црвен крст Охрид.
 
Дополнително родителите проследија и кратка презентација за работата на нивните деца со која уште еднаш имаа можност да ја видат промената која тие ја направија сами во општеството.
 
< врати се назад