Запознајте се со тимот кој преку програмата ЦКА-ПХВ изминатиов период работеше на проектот ,,САШКА”, со кој тие успеаа во создавање подобри услови за живот на тричленото семејство од Лескоец со:

Градење нова куќа

Плаќање заостанати долгови

Обезбедување храна и производи за лична хигиена на семејството

Овозможување редовни лекарски контроли за бебето

Правење целосна лекарска контрола на мајката, како и посета на стоматолог

Овој тим ја оствари својата цел – обезбеди мал и топол дом на едно сиромашно, но скромно семејство со мали можности и големи срца.

Искажуваме специјална благодарност до сите донатори кои ни помогнаа и овозможија овој проект да стане реалност, особено на госпоѓа Наде Дуклеска и сите хумани луѓе од Шведска, Америка и Австралија


.
Волонтери:

Мартина Анастасијевска

Сара Петковска

Стефанија Битолкоска

Христијан Дончевски

Јана Ангелоска

Ангела Ѓуклеска

Ментор: Радмила Герасимова