
Бреинобреин програма во Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид – 5 Генерации
Просториите на Црвен крст Охрид се закитија со уште едно табло на кое се истакнати нови пет генерации на ученици кои успешно ја завршија комплетната Бреинобреин програма во Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид.
На пригодна свеченост во просториите на Црвен крст Охрид, на присутните ученици им беше доделен примерок од таблото.
Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин – Црвен крст Охрид работи под франшизерство на Бреинобреин академијата од Ченаи, Индија од 2010 година. Во центарот се имплементира едукативна програма преку проверени и признаени едукативни техники базирани на Неуро лингвистичко програмирање (НЛП) и Абакус ментална аритметика (МА) кои го поттикнуваат мозочниот потенцијал кај деца од 4-14 годишна возраст за стекнување, развивање и потврдување на способностите за концентрација, фотографска меморија, нумерички и вербални способности, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.
Оваа светски призната и докажана програма ја спроведуваат високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени од страна на меѓународни инструктори.
Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид е првиот франшизен центар на Балканот кој Бреинобреин програмата ја имплементира од 2010 година. За успешноста на нашиот БОБ-Црвен крст Охрид центар говорат бројните трофеи и медаљи на учениците и тренерите, освоени на осумте државни натпревари одржани во Скопје, како и на бројни меѓународни натпревари во Хрватска, Србија, Обединети Арапски Емирати, Швајцарија.







