БОБ јубилеј 10 години
На 03.10.2010, пред точно 10 години во Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид се одржа првиот час на Балканот и во Македонија, на интернационалната едукативна програма за развој на животни вештини БРЕИНОБРЕИН.
Со гордост ја истакнуваме 10 годишната успешна работа на Центарот за развој на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-ЦРВЕН КРСТ ОХРИД, која се огледа пред се во посветеноста и професионалноста на нашите тренери, упорноста на децата кои ја следеле БОБ програма, како и поддршката на нивните родители.
Изразуваме голема благодарност до сите оние кои ја укажале довербата на нашиот центар и БРЕИНОБРЕИН програмата и придонесле, за овие изминати 10 години, преку 70 деца да ги завршат сите десет нивоа од оваа програма и кои како лидери во својата средина трасираат нови патишта за развивање на едно похумано и пеофикасно општествено живеење и делување.
Нашето 10 годишно искуство и резултатите од имплементација на Бреинобреин програмата ни дава за право да ги охрабриме родителите да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма, кои преку техниките Абакус Ментална Аритметика (АМА) и Неуро Лингвистичко Програмирање (НЛП) ќе помогнат децата на возраст од 4-14 години да достигнат развој и целосно искористување на мозочниот потенцијал и да бидат спсобни да ги користат двете хемисфери на мозокот, подеднакво и ефикасно. Преку БРЕИНОБРЕИН програмата децата ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.
10 годишен јубилеј на БРЕИНОБРЕИН програмата беше прославен и со новата група на ученици кои од денес се дел од Центарот за развивање на животни вештини и започнуваат со следење на БРЕИНОБРЕИН програмата.