октомври 6, 2022
БИДИ ПРИЧИНАТА ЗА НЕЧИЈА НАСМЕВКА 5/5
Плоштадот на Охрид оваа недела беше обележан со боите на Црвениот крст!
Нашата RED ZONE беше местото каде младите можат да се запознаат со нашиот Клуб и нашите волонтери, а и со сите посебни активности кои се презентирани од страна на млади!
Преку низа катчиња усправме да ја доловиме мисијата на нашиот Клуб, да помогнеме некому или едноставно да си го разубавиме споствениот ден!
Покрај споменатите катчиња, имавме и:
-Освежително катче исполнето со крофнички направени од волонтерите и пуканки .
-Инфо-штанд за споделување информации .
-Музичка точка од страна на талентираните волонтери и пријатели на клубот .
-Црвенокрсташкиот дух се осети на Плоштадот овој викенд, но ќе продолжи да се чувствува и понатаму насекаде низ нашиот Охрид!