
AVATAR: FIRE AND ASH
Утре, во Универзитетoт за информатички науки и технологија “Св. Апостол Павле”, со почеток од 20:00ч, една од овогодинашните ПХВ која работи на социјален проект со цел реновирање на просториите на Здружението од родители со деца со посебни потреби “Тајните на моето срце” – Охрид, организираат хуманитарно прикажување на филмот: “Avatar: Fire and Ash”.
16.04.2026 (четврток)
20 : 00ч
УИНТ “Св. Апостол Павле”
ВЛЕЗ: 200 ДЕНАРИ
Филмот “Avatar: Fire and Ash” нè враќа во Пандора каде Џејк Сали и Нејтири се соочуваат со досега најголемиот предизвик — агресивното племе „Луѓе од пепелта“, кои ја претставуваат потемната страна на На’ви народот. Ова трето продолжение на епската сага на Џејмс Камерон ветува визуелно спектакуларно патување низ нови предели исполнети со оган и деструкција.
Дојдете, уживајте во филмот и покажете ја вашата хуманост за заедно да им овозможиме подобри услови на децата од Здружението „Тајните на моето срце“.





