февруари 10, 2023
АПЕЛ
Собрани 16.095.831 денари за настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.
Црвениот крст на Република Северна Македонија продолжува и понатаму да ја следи ситуацијата во Турција и Сирија.
Граѓаните и овој пат ја покажуваат својата солидарност на дело. Заклучно со 10.02.2023 година преку донаторските телефонските линии и од Фондот на солидарност на Црвен крст на РСМ се уплатени вкупно 16.095.831 денари.
Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:
• Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија.
• како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.
• За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
Правините субјекти и физичките лица освен финансиска помош можат да донираат и материјални добра согласно приложената листа на потреби за помош на настраданото население, упатена од страна на Турската држава и Турската Црвена полумесечина:
1. Зимски семејни шатори
2. Ќебиња
3. Греалки на струја/плин
4. Церада (постилка за на земја)
5. Церада (зимска)
6. Вреќи за спиење
7. Столици на расклопување (се претвора во кревет)
8. Креветчиња на расклопување
9. Фенер на соларно напојување
10. Кујнски сетови
11. Храна и средства за хигиена ( според стандардите за хуманитарна помош)
Задолжително сите донирани артикли да бидат нови.
Приоритет да се става на (зимски семејни шатори, церади, вреќи за спиење, ќебиња).
All reactions:
9