ноември 3, 2022

Активности по повод Светскиот ден на менталното здравје

 
Нема здравје без ментално здравје!
 
Во текот на месец октомври, Црвен крст Охрид реализираше повеќе активности со коишто се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден на менталното здравје, 10 октомври.
 
Работилницата насловена „Грижа за личното ментално здравје“, посветена на менталното здравје на постарата популација, беше одражана во два наврати во просториите на Црвен крст Охрид – на 4 октомври учество во оваа работилница зедоа членови на Сојузот на борци на Охрид и Дебрца, а на 20 октомври оваа работилница ја проследија членови на Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца. Работилниците „Грижа за личното ментално здравје“ беа реализирани во рамките на проектот „Заедно – активни и солидарни“ којшто Црвен крст Охрид го спроведува со поддршка од Општина Охрид.
 
На 26 октомври, психолог од Црвен крст Охрид учествуваше во реализацијата на работилница на тема анксиозност, наменета за ученици во ОСУ „Свети Климент Охридски“ – Охрид.
 
 На 31 октомври, психолог од Црвен крст Охрид одржа работилница за ментално здравје во ОУ „Свети Наум Охридски“ – Пештани. Учество во оваа работилница зедоа ученици од 8 и од 9 одделение.
 
 Менталното здравје е важно колку и физичкото здравје; така, Црвен крст Охрид ќе продолжи да организира и да реализира активности за едукација за менталното здравје и за поттикнување на грижата за личното ментално здравје.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад