март 30, 2021
Академија за млади
Во период од 26.03.-29.03.2021г. се одржа online Академијата за Млади, со која се формира национален тим на фасилитатори со цел зајакнување и унифицирање на работата на волонтерите на Црвен Крст на РСМ.
Дел од овој тим од 10 фасилитатори е и нашиот лидер на Клуб на Млади на Црвен Крст Охрид Анастасија Стојаноска, која во наредната година ќе ги примени своите искуства, вештини и знаења и ќе работи на зајакнување на капацитетите на национално ниво заедно со останатиот дел од тимот. Учество како гостин зеде и нашата долгогодишна волонтерка Сара Коваческа.
Од млади за млади! Одиме понатаму