ноември 21, 2026

Академија на млади 2026

Во рамки на годишната програма за работа со млади на Црвениот крст на Република Северна Македонија, во периодот од 13 до 15 ноември, во хотел „Солферино“, се одржа тридневната обука „Академија на млади на Црвениот крст на Република Северна Македонија 2026“, организирана од Националното координативно тело на младите на Црвениот крст на Република Северна Македонија. На академијата, Општинската организација на Црвен крст Охрид ја претставуваше Иво Георгиески.

Во текот на тридневната академија, учесниците работеа на креирање акциски планови за млади, обработувајќи теми поврзани со волонтирањето и мотивацијата на волонтерите, промоцијата на младинското крводарување, како и унапредувањето и промоцијата на младинското работење. Преку различни едукативни сесии, интерактивни активности, групна работа и размена на искуства, младите имаа можност подетално да се запознаат со начините на планирање, организирање и спроведување младински активности, како и со пристапите за вклучување и задржување на младите волонтери во организацијата.

Посебен акцент беше ставен на развивањето конкретни идеи и предлози кои можат да се преточат во практични активности на локално ниво. Учесниците имаа можност да ги идентификуваат потребите и предизвиците во младинското работење, да разменат добри практики од своите општински организации и заеднички да креираат решенија кои ќе придонесат кон поголема вклученост, мотивираност и активност на младите во Црвениот крст.

Истo, за време на академијата, тимот на Младинскиот подкаст имаше прилика да ја сними втората епизода од четвртата сезона на која гостуваше Елена Кузманоска – Претседател на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија. Истата ќе ја има својата премиера утре, во 20:00ч!

< врати се назад