
30 ГОДИНИ „ЦКА – ПХВ“ И КЛУБ НА МЛАДИ
По повод јубилејот 30 години реализација на програмата „Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности“ на локално ниво и јубилејот 30 години од формирањето на Клубот на млади на Црвен крст Охрид, организираме настан за одбележување на овие значајни годишнини.
Овој настан претставува можност заеднички да се потсетиме на сите генерации млади кои низ годините биле дел од Црвен крст Охрид и да го истакнеме нивниот хуман придонес, како и да испратиме порака дека хуманоста, солидарноста и волонтирањето се вредности што се пренесуваат од генерација на генерација. Исто така, би сакале да им покажеме на младите денес дека нивната енергија, идеи и активност можат да придонесат кон создавање похумана заедница.
Настанот ќе се одржи на 28.09.2026 (понеделник), во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, со почеток во 19:30 часот.
Со задоволство ве каниме да ни се придружите на одбележувањето на овие јубилеи.





