март 24, 2022

24 Март – Светскиот ден на борба против туберкулозата

Светскиот ден на борба против туберкулозата се одбележува секоја година на 24 март, со цел да се зборува за туберкулозата како болест на денешницата која предизвикува смрт на речиси милион и пол луѓе во светот.
 
Одбележувањето на овој ден датира од 1882 година, кога д-р Роберт Кох ѝ соопштил на научната заедница дека ја открил причината за туберкулозата. Во времето кога Кох ги објавувал своите научни достигнувања во Берлин, туберкулозата беснеела во Европа и Америка, предизвикувајќи смрт на секој седми човек. Неговото откритие придонесе да се отвори патот за дијагноза и третман на туберкулозата.
 
Според новите истражувања, секој ден над 4000 луѓе го губат животот од туберкулоза, а близу 30.000 луѓе се разболуваат од оваа превентабилна и излечлива болест. Туберкулозата најмогу ги погодува возрасните во најпродуктивните години. Појавата на туберкулозата отпорна на лекови претставува голема опасност по здрвјето и ризик за придобивките стекнати во напорите да се стави крај на туберкулоза.
 
Овогодинешното мото за Светскиот ден на борба против туберкулозата на Црвен крст на Република Северна Македонија е: ИНВЕСТИРАЈ ЗА ДА СЕ СТАВИ КРАЈ НА ТУБЕРКУЛОЗАТА. СПАСЕТЕ ЖИВОТИ!!!!
 
 
< врати се назад