18 Октомври – Европски ден на борба против трговија со луѓе
По повод „18 Октомври – Европски ден на борба против трговија со луѓе“ на ден 18.10.2019 (петок) од 12 часот на Градскиот плоштад во Охрид, Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид, организираше јавен настан на кој волонтерите на Општинска организација Охрид изведоа сценарија на реален приказ за тоа што може да се случи на лице кое може да биде дел од трговијата со луѓе. Целта на овој настан беше на овој ден да се поттикне нивото на свест во јавноста за опасностите и ризиците кои ги носи проблемот на трговија со луѓе.
Трговија со луѓе е начин на заведување, измамување, принудување или на поинаков начин преселување на луѓе од нивниот дом или држава, кои потоа се принудени да работат со или без ниско плаќање или под екстремно експлоатирачки услови. Начинот се смета за продажба на или тргување со луѓе, што има многу карактеристики на робување. Жртвите на трговијата со луѓе можат да бидат искористени во различни ситуации, меѓу кои проституција, присилна работа (тука спаѓа принудна работа или ропство поради долг) и други форми на принудно ропство. Продажбата на бебиња и деца за посвојување или за други цели исто така се смета за трговија со тие деца.