јануари 21, 2019

Врснички едукации за превенција од сексуално преносливи инфекции

Во рамки на проектот “Здравје во заедниците-врсничка едукација за превенција од сексуално преносливи инфекции”двајца волонтери од Клубот на млади при Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Охрид беа дел од врсничка едукација на тема СПИ (Сексуално преносливи инфекции), начини на пренесување, видови и превенција од истите која се одржа во хотел Солферино од 22-24 декември 2018 година. По завршувањето на оваа обука на волонтерите им беше доделена задача да одржат работилници со цел да се поткрене свеста во граѓаните на оваа тема и истата да добие поголема вредност.

Обучените едукатори Гзим Демироски и Мартин Стојаноски во текот на месец февруари одржаа 6 вакви иницијални и дополнителни работилници со ученици од основните и средните училишт во Охрид. Имено, работилниците се одвиваа во просториите на ОУ ,,Ванчо Питошески” – с. Лескоец, ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” (по две работилници), ОУ ,,Св. Климент Охридски” и СОСУ ,,Св. Кирил и Методиј” (исто така по две работилници) и беа вкупно опфатени 173 деца. Целта на  овие работилници е да се зголемат знаењата на адолесцентите на тема СПИ и сето она што таа го опфаќа, да се поттикнат децата да зборуваат меѓу себе и меѓу нив и своите родители на вакви, сеуште “табу” теми во нашето општество, односно целта е да се поткрене свеста општеството за да не ја занемарува оваа тема затоа што сексуално преносливите инфекции се многу позачестени во последно време.

< врати се назад