јули 28, 2019

ТВОЕТО НЕЗНАЕЊЕ ЧИНИ ЖИВОТ!

Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид во склоп на кампањата “Твоето незнаење чини живот” на ден 25.07.2019 го одржа првиот освежителен курс по прва помош за возачи со Градоначалникот, Претседателот и членови на советот и вработени во општинската администрација на општина Дебрца.

Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид спроведува бесплатна летна кампања за освежување на знаењата по прва помош кај постоечките возачи. Целта е да се освежат знаењата на возачите, да се подигне јавната свест за потреба од обезбедување на прва помош во сообраќајот во случај на незгода и да се влијае кај доносителите на одлуки во државата за потребите од унапредување на квалитетот и знаењата за прва помош во секојдневното живеење, со посебен акцент на возачите.

Градоначалникот на општина Дебрца заедно со советот на општината ја поддржува оваа кампања и се отворени за соработка со Црвениот крст и за други активности. Тие ги освежија нивните знаења по прва помош и и препорачаја секој кој е во можност  да најде време да го посети курсот.

< врати се назад