септември 16, 2021

Светски ден на прва помош

Под мотото БИДИ ХЕРОЈ ВО ТВОЕТО УЧИЛИШТЕ Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид на 16.9.2021 г. го одбележа Светскиот ден на прва помош.

     ТИМОВИТЕ за ПРВА ПОМОШ на Општинска организација Охрид:

презентираа знаења, техники и вештини за укажување прва помош

демонстрираа санирање на повреди и ги информираа граѓаните

ја промовираа суштинската важност на првата помош

Милиони луѓе секоја година умираат или имаат компликации при повредите бидејќи не им е укажана адекватна прва помош

Првата помош може да спаси човечки живот – ти можеш да спасиш човечки живот – НАУЧИ ПРВА ПОМОШ!

< врати се назад