март 27, 2023

РАБОТИЛНИЦА ЗА ПРВА ПСИХОЛОШКА ПОМОШ И ПСИХОСОЦИЈАЛНА ПОДДРШКА

Во периодот од месец ноември 2022 година до месец февруари 2023 година, во рамки на проектот Конекс Балкан, ЦКРСМ формираше национален тим за психо-социјален одговор при кризи и катастрофи кој ќе биде спремен со знаење и ќе делува превентивно во мирновременски услови, а ќе биде активен теренски при вонредни услови на елементарни непогоди, масовни несреќи, катастрофи и др. 🫨🔥
🧠 Учесниците обучени за психо-социјален одговор при кризи се дел од компонентата за справување и дејствување во кризи на Центарот на ментално здравје и психо-социјална поддршка кој беше отворен на 19.10.2022 година. Клучните приоритети на Центарот се да развиваат програми наменети за едукација на пошироката јавност, дестигматизацијата на менталното здравје и зајакнување на резилиентноста на заедницата. Покрај овие програми, Центарот ќе обезбеди и советодавна поддршка и врсничка едукација за важноста на менталното здравје, како и ќе организира тренинг едукации за сите институции – чинители во кризниот менаџмент на државата.
📌 Од Црвен крст Охрид членови на националниот тим за психо-социјален одговор при кризи и катастрофи се Ранко Раткушиноски, психолог и Даниела Вељановска, социјален работник.
🧑‍🏫🧑‍🏫 Во рамките на своите активности, како обучени тренери за ППП и ПСП, на ден 21.03.2023 година во СОСУ „Св.Кирил и Методиј” Охрид, Ранко и Даниела одржаа работилница на тема Прва психолошка помош, психосоцијална поддршка и менаџирање со стрес. На обуката беа присутни 44 лица меѓу кои и 2 лица од стручната служба од училиштето. 📑Целта на работилницата беше, учесниците, преку вежбовни активности и интерактивни предавања, да се стекнат со знаења за пружање на психо-социјална поддршка и прва психолошка помош во кризни и итни состојби, како и за начини за справување со стресот.
✅ Учесниците во работилницата покажаа особен интерес за темата, поставуваа прашања и учествуваа во дискусии, а и изразија интерес да постанат волонтери на нашата организација.☺️
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад