Програма за развој на младинско лидерство “Млади лидери создаваат иднина”
Новата програма за младите „Млади лидери создаваат иднина“ која Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид ја реализира во соработка со Американскиот мировен корпус во Македонија, започна со ориентациска сесија на 14.03.2019 г. во просториите на Општинска организација Охрид и истата е со времетраење од 14 недели, а наставата ќе се одвива на македонски јазик.
Оваа програма, наменета за ученици од 14-18 години интегрира неделни работилници, екскурзии, развој на проекти и практикум за волонтирање со цел учениците да прераснат во активни граѓански лидери во нивните училишта и заедници. Воедно младите ќе ги зајакнат своите лидерски вештини и како лидери ќе можат да придонесат во развојот на заедницата, како и да стекнат и развиваат вештини за вработливост, чувство за цел и иницијатива, одговорност и ресурси потребни за достигнување на компетитивни работни кариери.
Програмата „Млади лидери создаваат иднина„ имаше успешен старт на 21 март 2019 заедно со првиот предавач од програмата, раководителот на Центарот за вработување во Охрид, Маја Ташева Биткоска. Учесниците имаа можност да научат повеќе за темите „Вработиливост„ и „Замислувајќи ја твојата идеална иднина„.
Втората средба – Панел на кариера, која се одржа на 28.03.2019 беше одлична можност за младинците да научат за професиите: архитект, компјутерски програмер, безбедност и односи со јавност, адвокат, училишен педагог, економист, психолог и лекар.