Проект на ЦКРСМ – финансиска поддршка на ранливо население
Во рамки на имплементацијата на активноста за доделување еднократна финансиска помош на ранлива целна група (семејства кои имаат дете со посебни потреби) од Проектот за одговор на предизвици за КОВИД 19, финансиран од Меѓународна Федерација на ЦК и ЦП, во текот на претходната недела, волонтери на Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид имаа задача да ги анкетираат семејствата од оваа целна група.
Активноста вклучуваше теренски посети и пополнување прашалници од страна на семејствата на децата со посебни потреби, со цел користење на наменетата еднократна финансиска помош.
Во Општина Охрид и Дебрца беа опфатени вкупно 33 семејства кои ги исполнуваат критериумите.
Целиот проект вклучува вкупно 750 таргетирани семејства низ територијата на државата кои спаѓаат во оваа категорија. На истите ќе им биде доделена финансиска помош во текот на следниот месец.