август 15, 2022
Потпишан договор за 3-годишна поддршка за реализација на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“
Во текот на денешниот ден (15.08.2022 година), Црвен крст Охрид, по успешно завршување на проектот „Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица, поддржан од PONT/CEPF“, потпиша договор со Prespa Ohrid Nature Trust – PONT за нова, 3-годишна финансиска поддршка за реализација на нов проект, поточно, проектот со наслов „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“.
Проектот ќе се реализира во периодот од 2022 до 2024 година и на истиот носител (координатор) на активностите ќе биде Црвен крст Охрид, партнер ќе биде Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“, а корисник на проектните резултати, покрај проектниот тим, ќе биде и Националниот парк Галичица, како и млади лица кои гравитираат кон заштитеното подрачје.
Главна цел на проектот ќе биде зајакнување на капацитетите на Националниот парк Галичица и подигнување на свеста на на локалното население за адаптација кон климатските промени и заштита на загрозените растителни и животински видови и пештерски екосистеми. Истото ќе се постигне преку:
– Научни истражувања на пештерите Самотска Дупка и Лескоечка пештера и инвентаризација на сите пештери во Националниот парк Галичица
– Подготовка на видео материјали, флаери и научни публикации за промоција на подземните карстни форми во Националниот парк Галичица
– Научни истражувања за загрозениот биодиверзитет во Националниот парк Галичица, подготовка на флаери, видео материјали и научни публикации (опремување на лабораторија во Националниот парк Галичица)
– Подготовка на мерки за заштита на загрозениот биодиверзитет во Националниот парк Галичица
– Студиска посета за проектниот тим и претставници од Националниот парк Галичица на заштитеното подрачје Шкоцјанске Јаме во Словенија за размена на искуства и позитивни практики
– Подготовка на едукативен модул и интерактивна (board) игра наменета за деца од основно училиште за промоција и заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Национален парк Галичица
– Подготовка на едукативен модул и интерактивна (board) игра намената за деца од основно училиште за адаптација кон влијанијата на климатските промени и влијанието врз пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Национален парк Галичица
– Подготовка на видео материјали за превенција од влијанието на климатските промени и влијанието врз пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица за намалување на ризици од природни катастрофи предизвикани од климатските промени
– Подготовка и опремување на 3 едукативни катчиња за едукација за заштита на животната средина, во Националниот парк Галичица (Централна зграда и канцеларија Стење) и Црвен крст Охрид (Велестово)
– Формирање на едуактивна мрежа преку реализација на консултативен процес, работилници, состаноци и тренинг за едукатори (претставници од мрежата) за реализација на едукативните модули подготвени во рамките на проектот
– Реализација на 50 едукативни еднодневни работилници со деца од основно училиште
– Реализација на тематски еднодневни екскурзии во едукативните катчиња и Националниот парк Галичица
– Реализација на тродневен тренинг за прва помош и спасување во случај на шумски пожари во Национален парк Галичица
– Реализација на тродневен тренинг за гаснење на шумски пожари во Национален парк Галичица
– Набавка на опрема за гаснење на шумски пожари и опремување на простор и за складирање и одржување на истата
– Подготовка на план за подготвеност за шумски пожари и тестирање преку реализација на симулациска вежба со сите засегнати страни
– Реализација на почетна и финална работилница, мониторинг состаноци и административни активности.
Проектните активности ќе бидат реализирани во партнерство со Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ преку кое ја продолжуваме успешната приказна и соработка помеѓу двете здруженија.
Повеќе информации наскоро!