април 24, 2023
ПХВ ПРОЕКТИ
Во склоп на ЦКА – ПХВ циклусот за 2023 година, една од формираните групи одлучи да работи со лица со попреченост со цел нивно полесно интегрирање во општеството.
На ден 13.04.2023 година дел од младинците по претходни консултации со асистенти и психолози ја спроведоја првата од сет работилници со децата со посебни потреби од основното училиште “Св. Климент Охридски”.
Тие на работилницата се запознаваа, играа интересни игри кои ги изработија младинците сами по насоки од асистентите на дечињата, и боеја велигденски јајца заедно за да го почувствуваат празничниот дух.