
октомври 6, 2025
ПАНЕЛ ЗА КАРИЕРА
На 07.10.2025 (вторник), со почеток во 19:00 часот, во просториите на Црвен крст Охрид, ќе се одржи Панел за кариера.
Овој настан се организира во рамките на програмата за развој на младинско лидерство „Млади лидери создаваат иднина“.
Во текот на Панелот, наши успешни сограѓани ќе зборуваат за својот кариерен пат и за своите професионални искуства, како и за вештините потребни за да се успее во нивните професии.
Панелот претставува одлична можност младите да слушнат инспиративни приказни и да научат нешто ново, нешто што ќе им користи во остварувањето на нивните цели.
Црвен крст Охрид ги кани младите да го посетат Панелот за кариера.
