април 6, 2023

Отворање лабораторија во Национален парк Галичица

Во рамки на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT , а спроведуван од страна на Exploring Society “Ursus Speleos” //\\ Истражувачко Друштво “Урсус Спелеос” и Црвен крст Охрид, денеска во просториите на Јавната Установа Национален парк Галичица во Охрид беше отворена лабораторија наменета за надополнување на активностите во полето на еколошка едукација и надополнување на работата на НПГ во редовните мониторинг активности.
Лабораторијата е опремена со соодветна опрема како што се: микроскоп, флакони, епрувети, епендорфи, пинцети, мензури, стаклени чашки, петриевки и слично.
На настанот присуствуваа долгогодишни соработници и пријатели на Националниот парк Галичица, како низа професори, претставници од Македонско еколошко друштво, од Институт за биологија во Скопје, невладини организации, Планинската спасителна служба и голем број пријатели на паркот кои изминативе години безрезервно помагаат во работата на паркот, особено во развојот на еколошката едукација.
Презентирани беа активности во полето на еколошка едукација, тригодишниот проект од страна на Црвен Крст – Охрид и истражувачките активности кои се спроведуваат поврзани со пештерските екосистеми од страна на ИД Урсус Спелеос – Скопје.
< врати се назад