август 8, 2022

Обука на Личен асистент на лица со попреченост

Врз основа на верификација на посебна програма за Личен асистент на лица со попреченост, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид распишува:
 
К О Н К У Р С
за обука на Личен асистент на лица со попреченост
 
Сите заинтересирани лица од општина Охрид и општина Дебрца кои сакаат да ја следат обуката и да се стекнат со верификуван сертификат за личен асисент на лица со попреченост да се пријават на овој конкурс во периодот од 09.08.2022 до 28.08.2022 година.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
– Да се државјани на Република Северна Македонија;
– Да се полнолетни;
– Да имаат општа психо-физичка способност за работа;
– Да имаат минимум средно образование;
– Да бидат мотивирани да работат со лица со попреченост;
– Да бидат мотивирани по обуката да бидат вклучени во Нега Центарот при Црвен крст Охрид
Потребни документи:
– Уверение за државјанство на РСМ
– Документ за лична идентификација (лична карта, пасош)
– Доказ за завршено образование
Заинтересираните кандидати можат да се пријават:
– Во просториите на Црвен крст Охрид секој работен ден од 9 до 15 ч.;
– На телефоните: 046 261 909 и 070 315 309;
– На е-маил: ohrid@redcross.org.mk (каде треба да ги остават следните податоци: име и презиме, дата на раѓање и контакт телефон).
 
Секој уредно пријавен кандидат ќе биде повикан на интервју.
 
Напомена: Кандидатите кои ги исполнуваат барањата и критериумите ќе посетуваат соодветна обука според верификувана програма, спроведена од стручен тим на предавачи и демонстратори.
 
По успешно завршената обука личниот асистент на лица со попреченост ќе биде дел од тимот на Нега центарот при Црвен крст Охрид со можност за платен работен ангажман.
 
 
 
< врати се назад