
Обука на Личен асистент на лица со попреченост
Врз основа на верификувана програма на Центарот за образование на возрасни при Министерството за образование и наука на РСМ, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид распишува:
К О Н К У Р С
за
Обука на Личен асистент на лица со попреченост
Се повикуваат сите заинтересирани лица од општина Охрид и општина Дебрца кои сакаат да се стекнат со верификуван сертификат за личен асистент на лица со попреченост да аплицираат во периодот од 13.11.2023 до 19.11.2023 година.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
– Да се државјани на Република Северна Македонија;
– Да се полнолетни;
– Да имаат општа психо-физичка способност за работа;
– Да имаат минимум основно образование;
– Да бидат мотивирани да работат со лица со попреченост;
– Да бидат мотивирани по обуката да бидат вклучени во Нега Центарот при Црвен крст Охрид
Заинтересираните кандидати можат да се пријават:
– Во просториите на Црвен крст Охрид секој работен ден од 9 до 15 ч.;
– На телефоните: 046 261 909 и 070 315 309;
– На е-маил: ohrid@redcross.org.mk (каде треба да ги остават следните податоци: име и презиме, дата на раѓање и контакт телефон).
Секој заинтересиран кандидат ќе биде повикан на интервју.
Кандидатите кои ги исполнуваат барањата и критериумите ќе посетуваат соодветна обука според верификувана програма, која ќе биде спроведена од страна на стручен тим на предавачи / едукатори (доктор по медицина, медицинска сестра, социјален работник и дефектолог), пет дена во неделата, во период заеднички договорен.
