октомври 7, 2023
ОАЗА НА ЗДРАВЈЕТО
Сите сме запознаени со проблемот на загаденостa како и потешкотиите за одржување на нашето опкружување здраво, ниската свест и едуцираност на граѓаните.
Желбата да се променат овие проблеми ги поттикна овогодинешните младинци во програмата ЦКА-ПХВ 2023 да создадат чисто и уредено катче и да ја зголемат свеста на граѓаните делувајќи кај најмладите.
Овогодинешниот ПХВ еколошки проект во соработка со ЈЗУ Општа болница Охрид, макотрпно работеше да го преуреди паркот во болницата и да обезбеди удобно место за пациентите, а притоа да се подобри естетскиот изглед. Оваа идеја беше поттикната од спроведена анкета.
Овој тим со својата креативност и желба паркот го преуреди така што:
– ја обоија оградата
– го исчистија паркот
– засадија трева и цвеќиња
– ја израмнаја подлогата
– поставија клупа за инвалиди со помош на друга ПХВ група
– поставија декоративни материјали
– поставија корпи за отпадоци и фонтана
Средствата за да го овозможиме овај парк беа собрани преку најразлични креативни настани како што беа:
– барање на богатство
– продавање рачно изработени торби
– проекција на филм
– Младинците оваа година подготвија најразлични работилници и акции, а дел од нив се :
– шиење торби
– еколошка акција
– Спроведување истражување
– акција со факели за одбележување денот на планетата
Овој ПХВ циклус за нашите младинци претставуваше една голема позитивна трага во нивните животи и едно незаборавно искуство исполенто со дружба, меѓусебно помагање и мотивирање.
Оазата на здравјето ја формираа:
– Ивона Тасеска
– Лука Доленц
– Елена Павлеска
– Ѓорги Шикалоски
– Филип Гугоски
– Христина Волканоска
– Стефанија Битолкоска – ментор