март 4, 2024

Мотивациска работилница за крводарители во СОСУ “Св. Кирил и Методиј” – Охрид

Потребите за крв секојдневно се зголемуваат, а со тоа се зголемува и потребата за повеќе крводарителски акции и хумани крводарители.
Со таа цел, на 4.3.2024 година нашите мотиватори за доброволно крводарителство од Клуб на млади при Црвен крст Охрид, Стефанија Битолкоска и Ивана Котеска одржаа мотивациска работилница со ученици од трета и четврта година од СОСУ ,,Св. Кирил и Методиј” Охрид за учениците да ги добијат сите потребни информации околу крводарителството, дознавајќи ги бенефициите од крводарувањето и спасувањето животи.
Им благодариме на сите присутни и на службата за присуството, и ги мотивираме да учествуваат на крводарителската акција оваа среда на 6.3.2024 година !
 
 
 
 
 
 
 
 
May be an image of 2 people, people studying and text
May be an image of 8 people and people studying
 
 
 
 
< врати се назад