април 28, 2023
МОЌТА НА МОИТЕ СПОСОБНОСТИ
На последниот редовен состанок на Клубот на млади продолживме со уште една работилница за меки вештини т.е. работилница за КРИТИЧКО РАЗМИСЛУВАЊЕ.
Критичкото размислување е многу важна вештина за сите млади, па за да го објаснат тоа на волонтерите се погрижија Катерина Наумоска, проектен координатор во Црвен крст Охрид, и Dani Rose, учесник во The Peace Corps Virtual Service Pilot.
21 волонтер се запознаа со тоа што е критичкото размислување, зошто е важно, како и каде се практикува, и како добро критички размислува една личност .