април 17, 2020
Мобилни тимови за поддршка
Во текот на изминативе две недели Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид во соработка со Општина Охрид, со своите мобилни тимови продолжи секојдневно да дистрибуира хуманитарни пакети со храна и со средства за хигиена до социјално загрозени домаќинства на цела територија на општина Охрид како и во околните села: Љубаништа, Трпејца, Пештани, Елшани, Рача, Велгошти, Лескоец, Свиништа, Куратица, Опеница и Вапила.
И следната недела продолжуваме со дистрибуција на пакети на цела територија на Oпштина Охрид.