февруари 17, 2020

Млади лидери создаваат иднина

Една од клучните компоненти на програмата  Програмата за развој на младинско лидерство која се одвива во Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Охрид е развојот и реализацијата на општествено-корисен проект од страна на учесниците во оваа програма на Општинска организација Охрид. Користејќи го знаењето за најважните аспекти на еден проект кое го стекнаа во текот на работилницата „Проектен циклус“, младите лидери разработија идеја за разубавување на дворните површини на три основни училишта во Охрид и околината. Целта на овој проект е охридските основци да располагаат со разнобојни содржини за игра и рекреација.

На ден 01.02.2020, учесници во првиот циклус од програмата „Млади лидери создаваат иднина“, продолжија со реализација на нивниот проект и имаа акција за разубавување на дел од внатрешноста на основното училиште „Ванчо Николески“ во Лескоец. Збогатувајќи го училишниот простор со разнобојни содржини за забава и за рекреација за учениците, младите лидери успешно го заокружија нивниот проект, којшто, како задача доделена во рамките на Програмата, самостојно го подготвија. Во активностите учествуваше и волонтерот на Мировниот корпус во Македонија кој работи во Општинска организација Охрид.

< врати се назад