Ликовен конкурс на тема “Промоција на хумани вредности”
Во рамките на ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности) програмата секоја година во периодот од 21-27 септември се одбележува ПХВ недела која има за цел да ги анимира младите, да го промовира мирот, толеранцијата и соживотот во земјата.
Оваа година неделата ја одбележуваме со Ликовен конкурс на тема “Промоција на хумани вредности” за деца во основните училишта, поделени во две категории- за ученици од 6 и 7 оделение и 8 и 9 одделение.
Може да учествува секој, а техниката на цртање е по избор.
Творбите треба да бидат доставени во општинската организација на Црвен крст Охрид од 12ти до
27ми септември 2022 година.
За најуспешните во двете категории следува викенд за цело семејство во Струга во одморалиштето на Црвен крст, Солферино.
Технички детали:
Цртежот треба да се достави до Црвен крст Охрид и треба да ги содржи следните информации – име и презиме на детето, одделение, години, училиште, град, техника на цртање (пр. Ана Силковска, VII одд., 14г. , ОУ М.Милевски-Прилеп, акварел).
ЦКА-ПХВ е национална програма која се реализира во сите Општински Организации на Црвен
крст на територијата на Република Северна Македонија. Уште од самиот почеток концептот и
методологијата на проектот се одобрени и поддржани од Министерството за образование на
РСМ. Тоа се должи на многу добрите резултати кои ЦКА-ПХВ програмата ги
покажува низ годините, а потпишан е и договор со Бирото за развој на образованието при
Министерството за образование со кои ЦКА-ПХВ проектот стана дел од официјалниот
образовен систем.
Целта на оваа програма е регрутирање и задржување волонтери, оспособени за работа на
мали проекти, преку кои се гради взаемно разбирање, толеранција и култура на дијалог, како
основен предуслов за создавање на интеркултурно општетство. Секоја година околу 30
младинци на возраст од 14- 17 години добиваат обука и се оспособуваат за работа на терен,
односно како да ги истражат потребите на заедницата, како да дојдат до целната група и како
да им помогнат на оние на кои помошта им е најпотребна, притоа правејќи мали проекти но
од огромно значење за заедницата.
За дополнителни информации обратете се во просториите на Црвен крст Охрид или на телефонските броеви 070 / 315 309 или 046 / 262 706, Ви стоиме на располагање.
Се надеваме на соработка од Ваша страна, за што сме однапред благодарни.