јануари 24, 2022

К О Н К У Р С – Обука на Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

Врз основа на верификација на посебна програма на Центарот за образование на возрасните и решението од страна Министерството за образование и наука на РСМ, за Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид распишува:

 К О Н К У Р С

за обука на Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

 

Сите заинтересирани лица од општина Охрид кои сакат да ја следат обуката и се стекнат со верификуван сертификат за негувател/ка на стари лица и лица со попречености можат да се пријават на овој конкурс во  периодот од 24.01. до 04.02.2022 година.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Да се државјани на Република Северна Македонија;
  • Да се полнолетни;
  • Да имаат минимум основно образование;
  • Да се со општа психо-физичка и здравствена способност за работа;
  • Да бидат мотивирани да нудат помош и нега на стари лица и лица со попреченост;
  • Да бидат мотивирани по обуката да бидат вклучени во Центарот за нега при Црвен крст Охрид

 

Потребни документи:

  • Уверение за државјанство на РСМ
  • Документ за лична идентификација (лична карта, пасош)
  • Доказ за завршено образование

Заинтересираните кандидати можат да се пријават и искажат интерес на телефоните: 046 261 909 и 070 315 309 или на е-маил: ohrid@redcross.org.mk, а потребните документи треба да ги достават во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 52, најдоцна до 04.02.2022 до 15 ч.

 

Секој уредно пријавен кандидат ќе биде повикан на интервју.

 

Напомена: Кандидатите кои ги исполнуваат барањата и критериумите ќе посетуваат соодветна обука според верификувана програма, спроведена од стручен тим на предавачи и демонстратори. По успешно завршената обука кандидатот се стекнува со меѓународно признат сертификат за негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.

< врати се назад