ноември 11, 2022

Годишна програма за работа во 2023 година

ЦРВЕН КРСТ ОХРИД – ПРОГРАМА ЗА РАБОТА ВО 2023 ГОДИНА

ОРГАНИЗАЦИЈА И РАЗВОЈ

Инвестирањето во развојот на организацијата и обезбедување на квалитетни хуманитарни услуги за ранливото население во општините Охрид и Дебрца, преку мобилизирање и организирање на човечки и материјали ресурси остануваат суштински елементи на делувањето и функционирањето на Црвен крст Охрид. Како партнер на локалните самоуправи на Охрид и Дебрца, преку своето делување се вклучува и придонесува за намалување на ранливоста, како и на социјалната исклученост на населението. Како дел од Движењето на Црвениот крст, преку својата раководна и управна структура, Црвен крст Охрид ја има фундаменталната обврска да ги убеди носителите на одлуки на локално ниво да дејствуваат во интерес на ранливите целни групи. Од друга страна, со својот уникатен потенцијал Црвен крст Охрид потребно е да дејствува одговорно кон справување и воспоставување на хумантарното дејствување во пракса, заедно со подржувачите и партнерите.

ДИСЕМИНАЦИЈА

Во рамки на програмата за дисеминација основна заложба на Црвениот крст Охрид е промовирање на основните принципи на Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Пренесување на знаењето за историјатот, визијата и мисијата на најголемата волонтерска организација во светот, како и промовирање на култура заснована на мир и ненасилство е нашата основана заложба како организација.

Преку формално и неформално образование, волонтерски сервис, зајакнување на отпорноста на заедниците, интергенерациски дијалог и инклузивен пристап се очекува да се влијае кон промената на навиките во пристапот на хуманитарната акција и кон стимулирање на практичната примена на основните принципи на Движењето во заедницата.

Во  текот на  2023 година се планираат следните активности:

  • Организирање на предавање, едукации и семинари за различни целни групи во текот на целата година;
  • Вклучување во календарски активности на ЦКРСМ

ЗДРАВСТВЕНО-ПРЕВЕНТИВНА ДЕЈНОСТ

Здравствено-превентивните активности на Црвениот крст Охрид се насочени главно кон најранливите групи на население со цел унапредување на психичкото и физичкото здравје на инвидуата и во заедницата. Водени од светските здравствени стратегии, каде здравствената превенција има примарно место, активноостите ги насочуваме кон постојана борба за превенција и спречување на појава на голем број болести.

Организирање на здравствена едукација, издавање и дистрибуирање на здравствено-информативен и едукативен материјал, мобилизација на целни групи, сензибилизација на релевантни институции, зајакнување на локалните капацитети, подигнување на здравствената свест, намалување на стигмата и дискриминацијата кон ранливи групи се само дел од активностите преку кои Црвен крст Охрид придонесува во остварувањето на здравствените приоритети кои се зацртани во своите акциони планови и програми, а се насочени кон подобрување на здравствениот статус на луѓето во заедницата.

Тенденција на секоја програмска активност е да обезбеди долго одржливи резултати во промоција на здравјето и здравствената грижа во заедницата.

Во текот на 2023 година се планираат следните активности:

  • Обележување на активности согласно календарот на ЦКРСМ;
  • Кампањи и едукации за подигање на свеста кај луѓето за сопственото здравје и промовирање на здрав начин на живот;
  • Социјална интеграција и здравствена заштита на стари и немоќни лица
  • Мапирање на нови ранливи групи на граѓани и индентификација на нивните потреби;
  • Промоција на хигиена и на други мерки за заштита од COVID – 19;
  • Едукативни работилници од областа на менталното здравје

КРВОДАРИТЕЛСТВО

Доброволното крводарителство има една единствена цел, а тоа е да се мотивираат што поголем број на луѓе кои сакаат да даруваат крв за да се обезбедат потребните количини на сигурна и безбедна крв и крвни продукти неопходни за лекување на болни и повредени.

Крводарителството ги развива особините на хуманост и солидарност. Крводарителството има воспитно значење, особено кај младите придонесува за подигнување на нивото на здравствена култура и јавна свест и ширење на идејата за солидарно, доброволно, анонимно и бесплатно крводарителство.

Црвен крст Охрид континуирано ги охрабрува и мотивира луѓето на доброволно крводарување и се грижи за интересите на крводарителите

За да ги оствари зацртаните цели, Црвен крст Охрид во текот на 2023 година ги планира следните активности:

  • Одбележување на Денот на крводарителите во РСМ – 17 март, и Светскиот ден на крводарителите – 14 Јуни;
  • Промоција на крводарителската акција кај помладата популација;
  • Подготовка и спроведување на активности/акции со цел обезбедување на потребните количини на крв и крвни продукти.

ПРВА ПОМОШ

Црвен крст е лидер во едукацијата за укажување прва помош, настојувајќи првата помош да биде достапна за секого. Со оваа програма Црвен крст Охрид се обидува да придонесе во спасувањето на човечки животи и зајакнување на заедницата, внесувајќи надеж и сигурност преку практична примена на стекнатите вештини за укажување на прва помош.

Масовното оспособување на населението за давање на прва помош претставува инвестиција во капацитетите на заедницата да превенираат или редуцираат последици од повреди, несреќи или катастрофи.

            Предвидени активности преку кои ќе се оспособи населението за давање прва помош во 2023 година се:

  • Организирање на обуки за прва помош за возачи;
  • Организирање на обуки прва помош за работни организации;
  • Организирање на обуки прва помош за пловни објекти;
  • Организирање на обуки прва помош за волонтери од Клуб на млади при Црвен крст Охрид

СОЦИЈАЛНО-ХУМАНИТАРНА ДЕЈНОСТ

            Приоритетни цели на Црвен крст Охрид се обезбедување на соодветна и квалитетна услуга на корисниците, зајакнување на материјални капацитети, како и надградба на човечките ресурси.

Како помагател на локалните самоуправи на Општините Охрид и Дебрца, Црвен крст Охрид се вклучува и придонесува во намалување на ранливоста, како и на социјалната исклученост на населението.

Освен општините, Црвен крст Охрид ќе оствари соработка и со граѓанскиот сектор, како и со бизнис секторот со цел да се обезбеди доволно помош за секого.       

Во рамки на програмата опфатени се и активности кои се насочени особено кон превенција во заедницата, а се однесуваат на борба против трговија со луѓе и семејно насилство.

Предвидени активности за 2023 година од областа на социјално-хуманитарна дејност се следните:

  • Одбележување на хуманитарни активности согласно календарот на активности;
  • Пункт за облека и донирање облека;
  • Едукација на волонтери, посебно на млади за доброволна социјална работа;
  • Реализација на активности за мобилизирање на средства од бизнис сектор, наменети за социјално загрозено население и стари лица;
  • Реализација на хуманитарна и спортско-рекреативна акција “За посреќно детство”
  • Реализација на хуманитарната акција „Даруваме радост за првачињата“ која има за цел да се обезбеди училишен прибор за првачињата од социјално ранливите семејства од сите основни училишта на територија на Општина Охрид.
  • Клуб за грижа за стари лица ,,Најди време,,
  • Психо-социјална служба

НЕГА ЦЕНТАР  ОХРИД – СЛУЖБА ЗА СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ

Како лиценциран провајдер на социјална услуга, во рамките на Црвен крст Охрид ќе продолжи со работа Нега Центар Охрид кој нуди услугите за помош и нега на стари лица и лица со попреченост во домот. Основната цел на Нега Центар Охрид е да го подобри и одржува здравјето на корисникот во неговото семејно опкружување како и олеснување во секојдневното функционирање на лицата со попреченост.

Во рамки на Нега Центарот, Црвен крст Охрид ќе продолжи со организирање на верификувани програми за образование на возрасни:

  1. Обука за Неговател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост и
  2. Обука за Личен асистент на лица со попреченост;

Предвидено е лиценцирање на Црвен крст Охрид од страна на Министерство за труд и социјална политика за врешење работи од социјална заштита и основање на Сервис центар како давател на услуги за лична асистенција на лица со попреченост.

ПОДГОТВУВАЊЕ И ДЕЈСТВУВАЊЕ ПРИ КАТАСТРОФИ

            Приоритетите на Црвен крст Охрид во делот на подготвеност и дејствување при катастрофи се спасување на човечки животи, намалување на страдањето, како и заштита и поддршка на населението кое е погодено од катастрофа.

            За да се обезбеди брза и ефикасна хуманитарна помош, активностите се насочуваат кон обезбедување на континуирана обука на човечки ресурси одговорни за менаџирање со катастрофи, како и соработка со други субјекти во системот за заштита и спасување. Како една од главните цели е подигање на јавната свест за можностите последици од катастрофи и поттикнување на образовни институции за самозаштита и заштита од несреќи и катастрофи.

  • Едукација на тимови, и нивно оспособување за справување со катастрофи на територија на општина Охрид и Дебрца;
  • Градење на ефикасни механизими за дејствување при катастрофи, соработка со институции на локална самоуправа и дефинирање на главните одговорности;
  • Зајакнување на материјалните капацитетите и кадровскиот потенцијал со кој располага ОО на Црвен Крст Охрид, вклучувајќи ги Планинската спасителна служба (ПСС) и Единицата за безбедност на вода

МЛАДИТЕ ВО ЦРВЕН КРСТ

Младите во Црвен крст Охрид се двигатели на активности, иницијатори на нови идеи и лидери во своите средини на дејствување. Преку “Клубот на млади“  младите волонтери активно се вклучени во реализација на сите програмни активности, како и во структурата на организацијата. Главен акцент во дејствувањето на младите ќе се стави на зајакнување на лидерските способности и јакнење на капацитетите за одржување на програмите кои младите ги имплементираат во заедницата, но и подобрување на комуникацијата и меѓусебната соработка со клубовите на млади од други организации на Црвен крст во републиката и пошироко.

  • Вдиши театар

Во рамки на своите програми за промоција и негување на хуманите вредности, поттикнување и развивање на креативноста кај младите, Црвен крст Охрид ќе продолжи со организација на Аматерскиот младински театарски фестивал со наслов „Вдиши театар“.Целта на овој Аматерски младински театарски фестивал е поттикнување на младите во градот Охрид за искористување на својот театарски потенцијал, креирање театарска игра и прикажување театарски претстави. Фестивалот е еден чекор напред во подигнување на театарската култура, не само кај младите, туку и кај останатите граѓани, а воедно и збогатување на културната понуда во градот. На фестивалот учество земаат театарски групи од Охрид предводени од театарската група на Црвен крст Охрид, а интернационалноста на фестивалот ќе биде потврдена со учество на театарски групи на младинци-волонтери на организациите на Црвен крст од Ужице, Крагујевац, Суботица, Р.Србија, Бар-Црна Гора и Требиње-Босна и др.  

ЦРВЕН КРСТ ВО АКЦИЈА – ПРОМОЦИЈА НА ХУМАНИ ВРЕДНОСТИ

(ЦКА-ПХВ)

Продолжува поддршката на програмата кој претставува модел за дисеминација кај младите – ЦКА – ПХВ – Црвен крст во акција – Промоција на Хумани Вредности. Преку сите овие техники и модели за дисеминација се опфаќаат следните целни групи: дисиминатори, млади, општа популација, различни формални и неформални групи за соработка, управа, раководство, претставници од медиуми, надлежни институции.

Активности:

  • Едукација на млади преку која ќе стекнат знаења и вештини и истите ќе ги применат во изработка и имплементација на мали проекти за доброто на зедницата

ЕДУКАТИВНИ ПРОГРАМИ

Црвен крст Охрид ќе продолжи со реализација на едукативните програми:

  • Центар за развивање на животни вештини-Бреинобраин

Бреинобреин – Црвен крст Охрид Центарот за развивање на животни вештини работи под франшизерство на Бреинобреин академијата од Ченаи, Индија од 2010 година. Во центарот се имплементира едукативна програма наменета за деца од 4-14 годишна возраст кои преку најразлични техники и вештини ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат способностите за фотографска меморија, концентрација, нумерички и вербални способности, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми. Оваа светски призната и докажана програма ја спроведуваат високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени од меѓународни инструктори.

  • Програма за подготовка на деца за во училиште – Полетарче

Програмата за подготовка на деца за во  училиште-Полетарче, која е наменета за деца од 5 и 6 годишна возраст кои сѐ уште не тргнале на училиште, без разлика дали посетуваат или посетувале претшколска установа (градинка).Целта на програмата е да се поттикне радост кон учењето и стекнување на нови знаења. Детето со радост да го очекува поаѓањето во училиште, во прво одделение, бидејќи успехот на училиште не зависи само од тоа колку знаење детето ќе донесе со себе, туку и од тоа колку ќе сака да стекне нови знаења. Програмата за подготовка на деца за во училиште е осмислена на начин да дечињата преку игра, забава и дружење ја развиваат и јакнат самодовербата. Да стекнуваат вештини важни за успешно извршување на училиштните задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот и речникот, јазична и математичка писменост, социо-емоционални вежби, вежби за насочување и одржување на вниманието и друго. Вежбите се приспособени на возраста на детето и преку нив детето станува свесно за своите способности, се поддржува да не се откажува при правењето грешки и да има храброст да биде креативно.

МОБИЛИЗИРАЊЕ НА ФОНДОВИ

Мобилизирање на фондови претставува суштински предуслов за успешно функционирање на организацијата. Промовирање на програмски вредности пред корпоративниот сектор, а истовремено потенцирајќи ги придобивките од партнерството со Црвен крст е една од значајните форми за поддршка и можност за воспоставување на партнерска соработка со компаниите за имплементација на активностите на Црвениот крст.

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА И ПРОЕКТИ

Една од стратешките цели на Црвен крст Охрид е изработка на проекти и   воспоставување на партнерска и финасиска поддршка со меѓународни институции.

И во 2023 година продолжуваме со ефективно и континуирано градење на партнерски односи и соработка преку имплементација на програмски и проектни активности со партнерски организации и меѓународни институции од странство, насочени за помош и поддршка на различни целни групи.

Разновидноста на нашата организација има голема практична вредност кој ни овозможува да стигнеме до повеќе луѓе со поширок опсег на активности. Во таа насока се интензивира и соработката со организациите на Црвениот крст од регионот и пошироко со конкретни заеднички активности. Преку своите програмски активности и проекти насочени за помош и поддршка на различни целни групи, Црвен крст Охрид континуирано гради свој препознатлив имиџ во регионот и пошироко. 

Во престојната 2023 година во рамки на Црвен крст Охрид ќе се реазлизираат или ќе продолжат со реализација следниот проект:

  • Проект “Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени” кој со поддршка на Prespa-Ohrid Natural Trust-PONT, Црвен крст Охрид во партнерство со здружението Урсус Спелеос ќе се реализира во текот на 3 години, започнувајќи од 01.09.2022 заклучно со 01.09.2025 година.

СЛУЖБА ЗА БАРАЊЕ (RFL- Restoring family links)

Црвен крст Охрид своите постојани капацитети ги насочува кон навремен одговор на хуманитерните потреби на населението за воспоставување на семејни врски.

Добросостојбата на човекот во голема мера зависи од неговата можност да биде во контакт со неговите најблиски или барем да добие информација за тоа што им се случува на нив. Различните компоненти на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина со децении прават исклучителни напори за воспоставување на семејните врски. Оваа уникатна служба, претставува суштина на работата на Движењето.

Потенцирајќи го искуството и континуитетот на активностите на Службата за барање, присутна е свеста и вољата за натамошен стратешки пристап и развивање на сопствениот капацитет и на партерски односи.

ИНФОРМИРАЊЕ И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА

Односите со јавноста овозможуваат да се проектира имиџот на организацијата кај пошироката јавност, корисниците, поддржувачите, спонзорите, донаторите, локалната заедница.

Информирањето и комуницирањето на Црвен крст Охрид со јавноста претставува правилно насочување и презетирање на информации за реализираните активности на огранизацијата и нашата развојна алатка преку кој ги остваруваме утврдените цели и задачи, а истовремено обезбедуваме отчетност и транспарентност во работењето.

 

 

 

< врати се назад