ноември 9, 2023
Фотографии од фото-замка пред пештерата Самотска Дупка во Национален парк Галичица
Во месец септември 2023 година, во текот на научните истражувања коишто се спроведуваа во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“, пред влезот на пештерата Самотска Дупка во Национален парк Галичица беше поставена фото-замка. Целта на поставувањето на фото-замката беше да се утврди кои животински видови се присутни во просторот околу пештерата.
Во периодот септември/октомври 2023 година се утврди присуство на срна и дива свиња. Овие видови се активни и во текот на ноќта и преку ден.
Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, a го спроведуваат Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид и Истражувачко друштво „Урсус спелеос“ – Скопје, во соработка со Национален парк Галичица.