октомври 18, 2021

Европски ден на борба против трговија со луѓе – 18 октомври

ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ или МОДЕРНО РОПСТВО е сериозен општествен проблем и е најтешка форма на кршење на основните човекови права – правото на живот, на слободно движење, на слобода на избор и други права и слободи. Овој тежок криминал е застапен и во нашата држава

Црвениот Крст оддржува превентивни активности кои имаат за цел подигање на свеста на младите, препознавање на  начините преку кои можат да бидат вовлечени во трговијата со луѓе и нивна самозаштита.  

Младите врснички едукатори за Трговија со луѓе од Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид направија ОНЛАЈН кампања на платформата INSTAGRAM преку интерактивен квиз, загатки, прашања и пренесување точни информации.

✅На квизот учествуваа над 200 следачи на инстаграм!

✅Најголем дел од информираните следачи се млади луѓе, кои и всушност се најчеста мета на модерното ропство

✅На нашиот редовен состанок со Клубот на Млади во среда во 19:30 беше одржана едукација на 15 млади волонтери од страна на нашите обучени врснички едукатори Василија Јовчески и Теа Петковска со цел поткревање на свеста и методи за заштита на младите од модерното ропство.

Волонтерите научија повеќе за фазите на трговија со луѓе, за начините на кршење на ланецот и последиците

ЕДУЦИРАЈТЕ СЕ – БИДЕТЕ ПОБЕЗБЕДНИ!

< врати се назад