ноември 3, 2021

Евакуациска вежба

Во текот на изминатите две недели повеќето основни и средни училишта на територија на општина Охрид го испробаа и применаа оперативниот план за заштита и спасување и планот за евакуација во училиштето преку реализација на показна тренинг вежба според соодветно сценарио.

На вежбата учествуваа и соодветни тимови на Територијалната против пожарна единица Охрид, СВР Охрид и Црвен крст Охрид, како и претставници на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.

Според сценариото за елементарна непогода, целта беше, учениците, професорите и техничкиот персонал во училиштето да се запознаат и ги разработат начините на заштита и насоките на движење при евакуација од училишната зграда, после случен земјотрес и пожар. Симулацијата претставува законска обврска која секоја институција треба да ја прави на две години. Сите институции се задолжени да имаат технички обучен кадар за постапување при случај на елементарна непогода и задолжително да имаат План за евакуација.

Ваквите активности се наменети за да се подигне севкупната безбедност во и околу училиштата посебно од аспект при заштита од елементарни непогоди.

Продолжуваме со реализација на вакви вежби и во останатите средни и основни училиште во Охрид и Дебрца.

< врати се назад