октомври 24, 2025

Женски хор АCordis

Специфичноста и посебноста на Црвен крст Охрид се огледа во бројните, разноврсни програми и активности насочени кон поттикнување на хуманоста, солидарноста, но и креативноста, културното изразување и творење на луѓе од сите возрасти.

Овде го истакнуваме делувањето на женскиот хор АCordis, кој на 11.11.2019 е формиран во Црвен крст Охрид на иницијатива на група долгогодишни хористки. Хорот го сочинуваат 12 хористки кои ги поврзува љубовта кон музиката и хорското пеење. Женскиот хор ACordis е спој на музиката и седумте принципи на Црвениот крст: хуманост, непристрасност, неутралност, независност, доброволност, единство, универзалност и кога би го превеле името, би значело акорди од срце, од душа.

Со женскиот хор раководи диригент Биљана Николоска, магистер по хармонија, вработена во средното музичко училиште во Струга, како наставник по стручни предмети, со долгогодишно искуство како хорист и диригент.

На репертоарот на хорот се наоѓаат композиции за сечиј вкус, обработки на песни од народното творештво, црковни песни, композиции од домашни и странски автори. Хорот забележува значајни настапи во Охрид и пошироко за разни поводи.

Женскиот хор ACordis при Црвен крст Охрид е отворен за прием на нови членови. Сите љубители на хорското пеење, кои сакаат да ги негуваат и развиваат своите гласовно-пеачки способности, добредојдени се на аудиција во просториите на Црвен крст Охрид, секој понеделник во 19:30 часот.

< врати се назад