
март 3, 2026
Завршна обука за ЦКА-ПХВ 2026
На 28.02.2026, во просториите на Црвен крст Охрид се одржа третата и воедно последна обука во рамки на програмата, на која присуствуваа 30 младинци.
Темата беше документирање на проектите, при што младинците детално се запознаа со критериумите за оценување, важноста на уредната и навремена документација, како и со начинот на кој правилното евидентирање придонесува за успешна евалуација и препознавање на нивниот труд.
Со оваа завршна обука се заокружува едукативниот дел од ЦКА-ПХВ 2026, а младинците се подготвени да ги претворат своите идеи во конкретни хумани акции што ќе остават позитивен белег во заедницата.
#ЦрвенКрст#црвенкрстохрид#ЦКмлади#phv2026







