октомври 25, 2025

„ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ – ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА ГЛАВНИ НАГРАДИ

Заблагодарувајќи се на сите оние кои што учествуваа, ја помогнаа, поддржаа и реализираа овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ информираме дека извлекувањето на добитниците на 30 вредни награди ќе се изврши на 27.10.2025, понеделник во 19:00 ч.

Во соработка со Мега Продукција, извлекувањето на наградите ќе може да се следи во живо на следниот линк: https://www.youtube.com/live/3pNHqo51uTg?feature=shared

Подгответе ги учесничките броеви-талончиња што сте ги купиле и следете го извлекувањето на наградите на линкот: https://www.youtube.com/live/3pNHqo51uTg?feature=shared

Доколку биде извлечен бројот на Вашето талонче, истото треба да го приложите во просториите на Црвен крст Охрид за да ја подигнете наградата.

Во овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ беа собрани 50.364 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за помош во лекување на деца од семејства во социјален ризик.

< врати се назад